Кажете збогум за аналната фисура – мала раничка која многу боли

Аналната фисура (fissura ani) е овална или долгнавеста раничка, која се наоѓа во пределот на анусот и ја карактеризираат бедемести рабови со седефесто розова боја.  Фисурите се најчестата причина за болно крвавење од ректумот и често болката е многу интензивна, иако лезијата главно е мала.

Аналната фисура најчесто се јавува помеѓу 30 и 50 година од животот, еднакво кај двата пола.

ПОСЛЕДИЦА ОД ПОВЕЌЕ ФАKТОРИ

Етиологијата на аналната фисура е нејасна и веројатно е последица на дејствувањето на повеќе фактори. Најчести состојби што може да се причина за нејзина појава се:

– повреди
– воспалителни болести на цревата
– опстипација
– дијареја
– хемороиди
– испаѓање на делот на анусот
– оштетување на кожата поради употреба на јаки лаксативи
– нарушена циркулација во аналниот канал
– разни видови инфекции

БОЛKА, KРВАВЕЊЕ

Во клиничката слика доминираат болката, крвавењето и зголемениот тонус на сфинктерот. Болката настанува при голема нужда, а се смалува по празнењето, за набрзо да се јави повторно, и тогаш, е главно многу поинтензивна и подолготрајна.

Ваквата состојба го принудува болниот да ја пролонгира големата нужда по неколку дена, а следната столица, која е поцврста, предизвикува уште поголема болка. Ова може да резултира со депресивни состојби.

Kрвавењето како еден од знаците на оваа болест е обично минимално и се манифестира како црвенкасто-розова линија по должина на тврдата и формирана фекалија. Зголемениот тонус на сфинктерот се јавува како одговор на болката.

МАСТИ И БАЊИ

Медикаментозното лечење се состои од локална употреба на соодветни масти и посебни топли бањи.

Може да се очекува смалување на болката и спазмот на сфинктерот исчезнува. А ова доведува до санација на фисурата. Оваа терапија се применува кај акутните фисури. Ако состојбата не се подобри за една седмица, неопходно е оперативно лекување.

Постојат поголем број различни оперативни третмани од кои повеќето веќе и не се применуваат. Денес како најпрепорачлива се смета латералната сфинктеретомија, која ако ја изведува искусен хирург, нема компликации и може да се направи и амбулантно.

Превенција

За да го намалите ризикот од појава на фисури може да превземете неколку едноставни превентивни мерки како што се:

Пијте многу вода – доволно внесување на течности води до нормална хидратација со која ќе го избегнете запекот;

Земајте лекови кои ќе ја подобрат работата на дигестивниот систем;

Внимавајте на исхраната и бидете сигурни дека внесувате многу растителни влакна. Одберете посно месо и риба наместо црвено месо. Немојте целосно да ги исклучите мастите од исхраната бидејќи одредена количина помага за подмачкување и правилно функционирање на дигестивниот тракт.

РЕЦЕПТ: КУРКУМА И ГЕЛ ОД АЛОЕ ВЕРА

Потребни состојки:

½ лажичка куркума во прав
1 лажичка гел од алое вера

Постапка:

Секоја вечер пред спиење направете мевлем од овие две состојки. Внимателно намачкајте го чувствителното подрачје непосредно прд спиење. Гелот од алоето, како и куркумата ќе го смири воспленото ткиво.

РЕЦЕПТ: ГЕЛ ОД МЕЛЕНО ЛЕНЕНО СЕМЕ

Потребни состојки:

1 лажица мелено ленено семе
1 чаша вода

Постапка:

Секоја вечер закиснете една супена лажица мелено ленено семе во чаша врела вода. Наутро испијте ја смесата. Ќе ви помогне во регулирање на столицата.

РЕЦЕПТ: ТОПЛА БАЊА

Натопувајте се во топол чај од камилица во времетраење од 10 до 20 минути, неколку пати дневно, особено после празнење на цревата. Ќе помогне да се опушти сфинктерот. Не се препорачува користење на сапун, бидејќи може дополнително да се иритира зафатеното подрачје.

НИТРОГЛИЦЕРИНСКА МАСТ:

Примена на нитроглицеринската маст ги шири крвните садови на анусот и го зголемува протокот на крвта во пукнатините. Оваа терапија исто така може да помогне за намалување на притисокот во аналниот сфинктер и болка.

ЧАЈ ОД МАГДОНОС: Се препорачува пиење на чај од магдонос.

ХИРУРШКО ЛЕКУВАЊЕ: Операцијата вклучува зафат врз мал дел од сфинктерот за да се намали грчот и болката, како и да се забрза лекувањето. Најчесто се врши амбулантно.