Карамел обланда – најубавата обланда во светот, каква што ја правеа нашите баби, со фил од млеко и шеќер

Ако ги сакате ваквите обланди, тогаш пробајте ја и оваа верзија на Мара Јелавиќ. “Јас вака ги правам, малку е поразличен рецепт од бабиниот, модифициран е, но вкусот му е предобар” – вели таа.

Под нејзиниот рецепт можете да го прочитате и стариот бабин рецепт за приготвување на карамелот. А под него и трет рецепт. Сите рецепти се слични, но се разликуваат во нијанси.

Потребни состојки:

1,2 литар млеко, 700 г шеќер, 8 лажици мелени бисквити и мелени ореви, 125 г путер/маргарин и 1 пакување обланди.

Постапка:

Млекото и шеќерот се ставаат на оган да се варат на умерен оган околу 1,5 час. Пред крајот од готвењето се додава 8 лажици мелени бисквити и мелени ореви измешани заедно. Сето тоа уште малку се вари, па се трга од оган и се додава половина коцка маргарин да се растопи во кремот и соедини.

Со млак фил се премачкуваат обландите. “Мене ми беше доволно фил за едно пакување обланди, па додадов уште еден лист за да го потрошам целиот фил” – вели Мара.

Стар рецепт за карамел обланди

Потребни состојки:

2 литри млеко, 1 кг шеќер, 100 г путер/маргарин и 5 листови обланди.

Постапка:

Млекото со шеќерот ги ставате да провријат на оган (на јачина 5), а потоа се намалува на тивко до умерено (на јачина 2 или 1), за да не испари нагло течноста. Се готви подолго време и повремено се промешува додека да стане густо и да ја промени бојата во карамел. Некаде пред крајот се додава путерот и се промешува за да се изедначи. Се филуваат пет листови обланда со изладен фил.

Потребни состојки:

1 пакување обланди, 200 г шеќер, 2 лажици брашно, 1,5 литар млеко, 1 кг шеќер, 375 г маргарин/путер и 150 г мелена плазма.

Постапка:

Брашното и 200 г шеќер полека запржете ги (како за карамел). Кога убаво ќе се соедини додадете го млекото и варете додека шеќерот да се растопи. Потоа додадете го преостанатиот шеќер и варете на тивок оган додека да згусне, нешто погусто од смесата за палачинки.

Додадете путер и варете уште малку додека тој целосно да се растопи. Додадете ги мелените кекси. Обландата филувајте ја додека смесата е топла. Притиснете го последниот лист обланда со нешто тешко и оставете да се олади и стегне.