Кај оваа жена доаѓаат од цел свет: Мести желудник и матка и многу жени добиле дете од нејзините златни раце

Во селото Ахмичи живее Кана Пезер, кај која пристигаат луѓе од сите краеви на светот: Мести спуштен желудник и “спуштена” матка.

Луѓето кои имаат проблем со желудник. Главоболка, нервоза, депресија и жени кои имаат проблем со неплодност, бараат помош кај исцелителката Кане пезер. И се јавуваат наши луѓе од Австралија, Молдавија, САД, Египет, Саудиска Арабија и други земји.

На патот од Сараево и Зеница кон Лашва, преку асфалтираниот пат можете да стигнете во познатото село Амичи во општината Витез. Овде живее Кана Пезер која има преку 60 години, витална жена, полна со ведрина, позитивни емоции и ентузијазам, која веќе 11 години се грижи за својот парализиран сопруг.

Кана уште како 15 годишно девојче научила од својот татко како да ги лекува луѓето кои имаат проблем со желудник и жените кои имаат проблем со матката.

“Со години на луѓето им го лекувам желудникот од болки. Болки се јавуваат затоа што желудникот некогаш може да се помести од своето место; или да се подигне нагоре или да се спушти надолу. Тоа го научив од татко ми кој беше надалеку познат по лекување на проблеми со желудник.

Ми доаѓаат луѓе кои имаат знаци на гушење во градите, ждригавица и слично. Неодамна за помош ни се обрати и еден старец кој има преку 90 години. “Му го “лекував” желудникот, а потоа слушнав дека се оженил со една млада девојка на која сака да и ја подари својата пензија.” – вели таа.

Кана вели дека е многу успешна за отстранување на нервоза и додава дека посебно е загрижена поради појава на нервоза кај младите луѓе помеѓу 15 и 25 години.

Таа исто така, посебно им се посветува на жените кои имаат “спуштена” матка. Таа од долниот дел на грбот полека со рацете кружи до пелвичниот дел на карлицата и така успева да ја врати матката на место. Многу жени после тоа на свет го донеле долгоочекуваното бебе.

“Со своите раце излекував многу жени од разни краишта на светот. Тие на свет донесоа здрави деца. Пресреќна сум кога луѓето ќе ми јават дека оздравеле, дела им исчезнала нервозата, дека се ослободиле од нервозата, дека имаат добар апетит, дека станале посречни и порадосни, дека добиле долго очекувано новороденче…”

ВАРЕНА ХРАНА И ДИВО НАНЕ

-Сите оние кои имаат проблем со желудникот, им препорачувам да јадат само варена храна ако сакаат да имаат здрав стомак. За смирување на желудникот најдобро е да пијат чај од диво нане; таа трева е право чудо.

-За воспален мочен меур посебно им препорачувам увин чај и чаеви од брусница и магдонос.