Испукани пети – 4 домашни лекови кои можете да ги направите сами

Испуканите пети се еден од честите проблеми со кои се среќаваат голем број луѓе. Покрај тоа што изгледаат грдо и непривлечно, испуканите пети можат да бидат и многу болни.

За да се ослободите од овој проблем испробајте некој од следниве домашни лекови:

МАСЛИНОВО МАСЛО

Сувата кожа на петите е еден од главните причини поради кои тие пукаат и се разрануваат. За ефикасно решавање на овој проблем, направете го следното:

-откако ќе ги измиете и исушите нозете, на испуканите пети нанесете од маслото и добро втријте го. Масирајте околу 15 минути.

-обујте дебели чорапи (по можност волнени) и преспијте во нив.

-Следниот ден измијте ги стапалата со млака вода.

Постапката повторувајте ја секој втор ден.

БАНАНА И АВОКАДО

Можете да направите многу ефикасна, хидрантна маска за стапала, со помош на банана и авокадо:

-Потребни состојки: една банана и ½ авокадо.

-Ставете ги во блендер и добро измиксајте ги состојките.

-Добиената смеса нанесете ја на стапалата, да отстои 30 минути.

-Измијте ги нозете со млака вода, исушете ги и намачкајте ги со масен крем.

Постапката повторувајте ја секој втор ден.

ВАЗЕЛИН И СОК ОД ЛИМОН

Измијте ги убаво стапалата и исушете ги. Повторно потопете ги во млака вода да отстојат 20 минути. Откако ќе ги исушите, нанесете ја следнава смеса:

-Потребни состојки: измешајте една лажица вазелин со сок од еден лимон.

-Смесата убаво втријте ја во стапалата.

-Масирајте се додека целосно не се впие во кожата.

Најдобро е третманот да се прави пред спиење. Потребно е да се обујат дебели чорапи за да се задржи топлината на стапалата и да се зголеми ефикасноста на третманот.

-Следниот ден измијте ги стапалата со млака вода.

Постапката повторувајте ја секој втор ден.

МЕД

Покрај тоа што има антибактериски својства, медот е одличен за хидратација на кожата.

-Измешајте 250 мл мед со 1 литар млака вода.

-Потопете ги стапалата во водата да киснат околу 20-30 минути.

-Нежно истријте ги, исплакнете, исушете ги и намачкајте ги со масен крем.

Постапката можете да ја повторувате двапати неделно.