Звучи неверојатно и многумина се сомневаа во веродостојноста на овој рецепт кој за кратко стана вирален, преведуван на повеќе јазици и шеруван од илјадници луѓе.
Меѓутоа од коментарите на оние кои го користеле рецептот може да се забележи позитивно одобрување и успех во резултатите.
Рецептот за овој чудотворен напиток е многу едноставен.
Потребни состојки:
300 мл топла вода
1 супена лажица цимет
1 лимон – сок
1 чајна лажица мед
Постапка:
Се загрева водата колку да се замлачи, се цеди лимонот а сокот се додава во водата, се промешуваат циметот и медот, па напитокот се пие додека е топол, наутро на празен стомак.
Кај повеќето луѓе овој напиток делува како стимуланс кој ја поттикнува перисталтиката на дебелото црево и телото добива „повик“ за празнење и исфрлање на екскрементот.
На тој начин секојдневно се исфрлаат остатоци и токсини кои го подуваат стомакот.
За неколку дена добивате изглед на „издишан“ рамен стомак.
Она што е добро во овој напиток, освен што се приготвува од лесно достапни намирници и за многумина претставува одличен почеток на денот, тој го регулира нивото на холестеролот и шеќерот во крвта.