Овој џем кој се приготвува од суво овошје, уште го нарекуваат и болнички или медицински џем бидејќи помага полесно и побрзо и да се испразнат цревата. Во денешно време поради стрес и недвижење сè поголем број луѓе страдаат од опстипација и нередовно празнење поради мрзливи црева.
Како причина за слаба перисталтика освен недоволната физичка активност и стресот, може да бидат и некои лекови, витамини, недоволна хидрираност, а може да се јави и како нуспојава на некоја друга болест.
Иако многумина не обраќаат внимание, сепак опстипацијата треба да се лекува, особено доколку трае подолго време. Голем број доктори велат дека речиси сите болести доаѓаат од цревата, односно од нивно нередовно празнење.
Според статистичките податоци, речиси секој десетти човек има проблем со отежната дефекација. Ова мора да се лекува не само поради болките и појава на хемороиди, туку и затоа што отпадните материи мора да се исфрлат од телото за да не ја затрујат повторно крвта.
Пред да употребите агресивни лаксативни помагала (кои се користат во нужна крајност), најпрво обидете се со природни средства со кои ќе го вратите нормалниот ритам на перисталтиката.
Меѓу најдобрите природни помагала се покажал токму овој медицински џем кој се приготвува брзо и едноставно.
Прочитајте го рецептот на втората страна: