Еликсир за поништување на вирусите според рецептот на билкарот Мартин Најдовски

Фото и рецепт: Мартин Најдовски – Антивирусен еликсир.

Доколку имате било какви прашања во врска со подготовката на овој еликсир, можете да го прашате Мартин на неговата страница Лилма. Сите намирници кои се наведени во рецептот можете да ги најдете во свежа форма на пазарите, додека смрекинките и шипинката – од билна аптека.

“Еликсирот е толку многу силен што нема вирус кој може да остане непоништен, а од сите рецепти овој дава најдобри резултати” – вели Мартин Најдовски и објаснува:

“Помага кај први симптоми на затнат нос, одличен е за бели дробови, односно за секој вид респираторни заболувања, грип, настинки, инфекции од секој вид вируси, бактерии и паразити.

После долго користење на истиот, би сакал да го препорачам за сите оние кои можат да си го приготват”, вели Мартин Најдовски.

“Јас го приготвувам за себе во поголеми дози, но ова е оригиналниот рецепт, па доколку и вие сакате да ја зголемите дозата, сразмерно зголемете ги и количините на состојките”, објаснува Мартин и го открива рецептот:

Потребни состојки:

2 литри домашна јаболкова киселина, 1 шолја од 200 мл црна трупка рендана, 1 шолја рендан рен,1 шолја рендан кромид, 2 цели главици лук, пожелно да биде органски и тогаш се става заедно со лушпата, крупно исечен, а доколку немате органски лук, тогаш купечкиот излупете го и исечкајте го.

Во смесата уште се потребни: 3 супени лажици смрекинки (клека, бобинки од смрека), 2 супени лажици шипинка мелена и 2 супени лажици лута пиперка ситно сечкана.

Постапка:

Сите состојки се мешаат во голема стаклена тегла и се прелеваат со јаболковата киселина. Отстојува 10-15 денови по што се процедува низ газа.

Употреба: Се користи по 30 капки трипати дневно уште при првите симптоми на болеста. Кај напредната фаза на болеста се зема по 1 кафена лажичка наутро после појадок и навечер после вечера. Лекот е потребно да се раствори во вода. Се консумира 2 седмици со 1 седмица пауза.

Фото и рецепт: Мартин Најдовски