Еднаш седмично ставам од ова во фрижидерот: Нема потреба да го чистам, секогаш свежо мириса

Вистинските совети се секогаш оние најдобрите. Нема ништо полошо од тоа кога ќе го отворите фрижидерот и ве преплави лоша миризба.

Кога храната што сме ја ставиле во фрижидер ќе ги “замириса” сите останати намирници, тогаш веќе ни се одјадува и не ни се отвора ниту вратата од фрижидерот.

Ако сте го исчистиле фрижидерот внатрешно и надворешно со задниот сад за собирање на течност, а сепак го чувствувате непријатниот мирис, тогаш тој сигурно “се залепил” за другите намирници кои претходно биле ставени тука.

Единствен спас за овој проблем е активниот јаглен. Ставете мала чинија со прав од активен јаглен, па тој ќе ги впие сите непријатни мириси и ќе ги отстрани.

Кога следниот пат ќе ја отворите вратата, од фрижидерот ќе почувствувате само свежина.

Превентивно, активниот јаглен можете да го чувате постојано во фрижидерот. Ставете го некој помал сад за да не ви зафаќа голем простор, како на пример некое мало пластично шише. Направете дупче во шишето или садот и не грижете се. Повремено можете да го менувате активниот јаглен.

Ако фрижидерот го пребришете од внатрешна страна со крпа натопена во алкохолна киселина, повеќе нема да се чувствува тој непријатен мирис.

Исто така, добро е во фрижидерот да оставите мала чаша со оцет.

Истата функција за впивање на мириси ја има и свежо прженото кафе кое се става во пластичен сад со пробушен капак.

Мирисите ќе ги впие и кора од ‘ржан леб во фрижидер; или парче јаболко; или парче сирење; или исечен компир.

Кога детално ќе го чистите фрижидерот, во млаката вода исцедете сок од еден лимон, па со тој раствор пребришете ја внатрешноста на фрижидерот.