Драгица Стевковска Дракче: За на ТВ сум стара, за пензија сум млада -народот си ме сака…

Драгица Стевковска – Дракче е познат лик од ТВ екраните, најмногу препознатлива по нејзината некогашна авторска емисија, “Патот на светлината”.

Неуморен, ведар дух, секогаш со разбирање за проблемите на гледачите, на кои секогаш се обидува да им помогне.

Познати се исто така и нејзините карвани, патувањата кои таа своевремено ги организираше за своите пријатели и гледачи, патувања на кои се посетуваа манастири, имаше многу дружење и позитивна енергија.

Дракче во статус на социјалните мрежи, деновиве, со една дилема, дали треба да оди во пензија. Нејзините фанови и пријатели во коментари, ја одвраќаа од оваа нејзина намера:

„Ахахаха… За на тв сум стара , за пензија сум млада, А НАРОДОТ СИ МЕ САКА
И ЈАС СИ ГО САКАМ НАРОДОТ….

Ви благодарам за безбројната поддршка за убавите коментари за многуте фотографиии и БЕЗМЕРНАТА ЉУБОВ… Можеби некој ке се преиспита КОЈ е за на екраните НЕЛИ?“