Доктор Солаковиќ: Јас вака правам за да го намалам притисокот и противник сум веднаш да се земаат лекови

Доктор Емир Солаковиќ во текот на гостувањето во една емисија даде одличен совет како да се намали високиот крвен притисок, а од друга страна што да прават луѓето кои имаат низок крвен притисок.

д-р Солаковиќ

„Ако имате некој здравствен проблем, да си знаете дека вие самите сте си криви за тоа. Лекарите не можат да ве излечат ако самите навреме не се погрижите за себеси. Редовно мерете го притисокот.

Ако имате висок притисок мора да бидете информирани за тоа, што значи, ако горниот притисок ви е 140 а долниот 90, вие имате хипертензија. Сè останато над ова е полошо…

Кога нешто ќе се насекирате, притисокот ви скока, па одите на лекар и тој ви дава лекови и тогаш цел живот сте на тие лекови. Но, вие мора да бидете самите свој доктор.

Направете табела и мерете го притисокот наутро и навечер. И така водете евиденција во текот на 20 дена. Секогаш мерете го притисокот во исто време. Единствено на овој начин ќе знаете дали имате хипертензија или не.

Можеби еднаш ви било лошо, нешто сте биле загрижени, па тогаш ви се покачил притисокот поради ситуацијата во која сте се нашле. Па сте отишле на лекар и тој ви дал лекови, а сето тоа без потреба.

Мерете го сами притисокот и водете сметка за себеси. Ова воопшто не е комплицирано. Не дозволувајте притисокот да ви се качи на 200. Редовно земајте ја терапијата кога ќе се утврди дека навистина имате висок притисок.

Сите кои имате висок крвен притисок консумирајте што повеќе овошје и зеленчук кои содржат калиум. Користете и калиум во таблети. Калиумот од 140 ќе ви го намали притисокот на 130, а тоа е голема работа.

Кога пиете кафе, изедете и коцка црно чоколадо. И мрсната морска риба го намалува притисокот. Јас така живеам! Притисокот бара движење. Ако сакате да го намалите притисокот, пешачете и не бидете дебели. Не можете да бидете дебели и здрави. Дебелите луѓе се болни луѓе, бидејќи имаат висок притисок и висок шеќер!

Од друга страна, луѓето со низок притисок треба да пијат доста течности. Ако многу седите, не се движете, не пиете вода, притисокот ќе ви падне. Јас сум противник на лекови. Обидете се да направите нешто за да го покачите притисокот или да го намалите, но без лекови.

Ниту еден доктор не може да ви помогне ако вие сами не си помогнете. „Кој може да знае подобро од вас самите?”, заклучува докторот.