Дали медот е мешан со скроб или чист – проверете на овој едноставен начин

Нема поздраво од пчелиниот мед. Но, познавачите предупредуваат: Пазарот е преплавен со лажен мед полн со хемикалии: Еве како да откриете дали купувате вистински мед!

Еве како да откриете лажен мед со помош на обичен кибрит!

Најдоброто што природата може да го направи и истовремено е најздравото- тоа е медот. Има многу здравствени предности и се користи за различни цели.

Медот е одличен за косата и кожата, како и за здравјето воопшто.

Меѓутоа, поради високите цени, на пазарот се наоѓа и мед кој не е органски, со хемикалии во него. Според многумина познавачи, 76% од медот на пазарот е полн со хемикалии.

Таквиот мед често може да го најдете и во супермаркетите, па затоа би требало да знаете како да го препознаете.

Ако медот не „кристализира“ со тек на времето, постои можност да е неквалитетен, бидејќи органскиот мед ќе „кристализира“ доколку се чува во фрижидер.

Секогаш прочитајте ја содржината на амбалажата, а доколу содржи комерцијална гликоза или пченкарен сируп, избегнувајте го.

Додадете неколку капки јод во чаша со вода и додадете малку мед. Ако медот добие сина, модра боја, тоа значи дека е мешан со пченкарен скроб.

Додадете неколку капки оцет во мешавина од вода и мед. Доколу се појави пена, медот содржи гипс.

Запалете мед со фосфор или кибрит, а доколку се запали, тоа е чист мед.

Ставете лажица мед во чаша вода. Доколку медот не се раствора веднаш, тогаш е природен и квалитетен.