Д-р Софијанова се прости од близок човек: Почивај во мир најдраг наш колега

Партијата Македонски концепт објави ТАЖНА ВЕСТ „Почитувани граѓани, членови и симпатизери на Македонски Концепт (МК) ве информираме дека почина примариус д-р Методија (Мето)Томевски (1938 – 2023), основач на Стратешкиот Совет на партијата.
Неговиот погреб ќе биде во недела (14.05.2023) од 14.00 до 15.00 часот, на градските гробишта Бутел во Скопје!

Делегација на Македонски Концепт, предводена од НТЛ Петар Богојески ќе го испрати до неговото вечно почивалиште! Д-р. Мето со својот партиски активизам, придонесе кон раст и развој на Тимовите и идеолошката Доктрина на партијата, особено за граѓанската иницијатива за распишување на Референдум за нов граѓански Устав на Македонија!

Партијата во негова чест ќе одржи комеморативна седница во присуство на неговото семејство. Согласно Статут на МК со Решение од НТЛ, на д-р. Методија Томевски посхумно му се доделува Плакета за заслуги кон македонската Кауза и чувар на Илинденскиот Идеал за независна Македонија, највисоко признание на партијата.
Вечен помен д-р Мето!“

Од познатиот доктор, се прости врвниот педијатар, Аспазија Цули Софијанова:

„Почивај во мир најдраг наш колега, педијатар, голем космополит, насмеан, другар на децата, на колегиумот на ЈЗУ Детска Клиника и ИБЗ Козле, сите диспанзери за Примарна здравствена заштита, човек кој плени со универзална насмевка и многу љубов. Во име на Здружението на Педијатри те испраќаме во вечниот дом каде сите ќе бидеме заедно еден ден, НО жал ми е не го дочека 8 миот Педијатриски Конгрес за некоја недела, да не изненадиш со некое прашање интересно.“