Човековиот црн дроб е создаден да преживее 600 години, а човекот го уништува за само 60: Еве како!

Доколку оваа состојба се игнорира и се продолжи со стариот начин на живот и сихрана, неизбежно е дојде до цироза.

Голем број научници се сложуваат дека човековиот црн дроб може да преживее најмалку 600 години без никакви операции, но еден просечен човек го одржува овој орган едвај само 60.

Еве како си ја оштетуваме најголемата жлезда во организмот!

Еден од најразорните фактори е консумирањето на премногу животински масти и складиштење на преголема количина протеини во црниот дроб, што е најчест случај кај љубителите на месо и нездравата храна, но и кај професионалните спортисти.

Според епидемиолошките студии, зачестеноста на појавата на масен црн дроб последниве години значајно е зголемена, особено кај жените. Се верува дека помеѓу 35-28% од светската популација пати од болести на црниот дроб, а дека 16% од нив заболеле во младоста.

Доколку се игнорира масниот црн дроб и се продолжи по стариот начин на живеење и исхрана, неизбежно ќе дојде до цироза, тешка хронична болест на црниот дроб, што на крај може да резултира со целосен губиток на функцијата на овој орган.

КАКО СЕ ЛЕКУВА ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ?

Најважниот фактор во лекувањето на црниот дроб е секако исхраната, која подразбира ниско ниво на масти и ограничен внес на намирници кои потенцијално можат да му наштетат на црниот дроб.

КОЈА ХРАНА ГО ОШТЕТУВА ЦРНИОТ ДРОБ?

Храната што ќе ја изедеме, влегува во желудникот, а потоа и во цревата. Тука се разложува, се вари и апсирбира во крвта. Понатаму низ крвотокот се пренесуваат нутриентите, кои низ крвните садови доспеваат и до црниот дроб. Вишокот масти од животинско потекло внесени преку храната, исто така стигнуваат до црниот дроб, кој претставува еден вид филтер во организмот. Кога таквите масти ги има премногу, црниот дроб нема друг избор, освен истите да ги апсорбира во себе.

Со текот на времето, клетките на црниот дроб пропаѓаат, па кога ќе ја изгуби силата и моќта големите количини на масти да ги неутрализира, холестеролот започнува слободно да патува низ крвотокот, таложејќи се во другите витални органи и ткива.

Наталожените масти и наслаги од холестерол во крвните садови и капилари доведува до развој на васкуларна склероза (атеросклероза), а во иднина можат да бидат причина за мозочен и срцев удар, како и за коронарни болести на срцето. Наслагите од холестерол и мастите го уништуваат панкреасот, што може да доведе до развој на дијабетес.

КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ ИЛИ РЕШИ ОВОЈ ПРОБЛЕМ?

Од исхраната би требало да се исфрлат транс мастите и генерално да се ограничи внесот на масти. За диеталното мени најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.

Во секој случај, треба да се јадат што повеќе намирници кои се сметаат за мевлем на црниот дроб, а тоа се артичоки, тиква, зелена салата, сурутка, моркови, цвекло, зелка…