Чоколадни капки, лесни за правење а многу корисни за мафини, кекси и слично

Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ

Ова е повеќе идеја отколку рецепт, а многу брзо и едноставно се прави.

Потребно ви е чоколадо, а какво ќе одберете, црно, млечно или бело, тоа е по ваш избор и според потребите.

Две третини од чоколадото се растопуваат на пареа, а потоа се додава остатокот. На овој начин чоколадото не побелува, туку ја задржува бојата и останува темно.

Почекајте малку да излади па префрлете го во кесичка за замрзнување која претходно сме ја ставиле во некоја чаша или помал бокал за полесно да биде претурањето.

На кесичката отсечете го сосем малку врвот, испробајте, па ако е потребно потсечете уште малку и зголемете го отворот, но претерувајте. Отворот треба да биде навистина многу мал за да можат да се прават капките.

Врз хартија за печење истискајте ги малите капки. Оставете ги да се оладат и да стврднат, па одлепете ги и складирајте ги во тегла. Чувајте ги на ладно и темно место. Одлично за кекси и мафини.

Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ