ЧОКОЛАДНАТА КРАЛИЦА е торта која ќе сакате да ја имате на трпеза за сите пригоди

Потребни состојки:

16 јајца

400 + 100 г чоколадо за готвење

100 г млечно чоколадо

1 литар млеко

8 лажици масло

2 прашок за печиво

20 + 6 лажици шеќер

250 г путер

3 пудинзи од чоколадо

16 лажици брашно

Постапка:

Изматете 4 белки со 5 лажици шеќер во цврст снег, потоа додадете 4 жолчки, 1/2 прашок за печиво, 2 лажици масло, 4 лажици брашно и сето изматете го со миксер, а потоа додадете во смесата и 100 г растопено чоколадо.

Печете во плех обложен со хартија, на 200 степени.

Постапката повторете ја уште трипати, за да добиете 4 кори.

За фил: нешто помалку од 1 литар млеко ставете на оган да се готви, а пудинзите и 6 лажици шеќер изматете ги со малку млеко и додадете во зовриеното млеко на шпорет.

Постојано мешајте да не загори, па додадете 100 г млечно чоколадо и 100 г  чоколадо за готвење. Оставете филот да излади, па додадете изматен путер.

Секоја кора премачкајте ја со фил, а последната кора премачкајте ја со чоколадо и одозгора украсете со сечкано чоколадо.