Чоколадна торта

Фото и рецепт: Милена Георгиева

Потребни состојки за фил:

200 г чоколадо за готвење,

200 г какао краш,

300 мл млеко,

150 г маргарин или путер,

300 г шеќер, 

16 жолчки и 

1 и 1/2 маргарин или путер, 

400 г шеќер во прав.

За 1. кора потребно е:

8  белки,

1 филџан  шеќер,

3 лажици презла,

4 лажици од филот.

За декорација 1000 мл шлаг крем од полимарк и слаткарски бои.

Постапка:

Прво се подготвува филот.

Во тенџере на пареа ставаме:

чоколадото, какаото, млекото, маргаринот, жолчките и шеќерот.

Се топи се заедно и се остава да излади.

Настрана се мати маргаринот или путерот со шеќерот во прав и се додава во оладената смеса и се меша убаво.

Подговка на корите:

Се матат белките заедно со шеќерот и се додава презлата и филот, се меша убаво и се пече во плех претходно обложен со мрсна хартија за печење на температура од 200 степени, 15 до 20 минути.

Вака печеме 2 пати.

Корите ги сечиме на два дела во круг 26 см.

Декорација по желба.