Чај против алегрија на прашина

Сите состојки можете да ги купите во билна аптека.

Потребни состојки:

5 рамни супени лажици- Црвен кантарион

4 супени лажици- Кантарион

3 супени лажици- Млечка (корен од глуварче)

2 супени лажици- Коњско опавче

1 супена лажица- Пченкарна свила

4 супени лажици- плодови од шипка иситнети плодови

​Постапка:

Шипинките и коренот од млечка да се смелат на машина за месо. Мешавината добро да се измеша. Една супена лажица од оваа мешавина да се сипе во емајлиран сад и да се прелие со 1,5 чаша студена вода навечер и да се остави преку ноќ.

Наутро да се стави да се вари, но да не се дозволи да проврие, да се тргне, добро да се завитка и да се остави 4 часа да отстои, а потоа да се процеди. Може и во термос.

Да се пие една чаша во текот на денот, т.е. да се пие по една третина чаша трипати пред јадење. Да се чува во фрижидер.

Во почетокот ќе има тврди отоци на подбрадокот, на рацете, на горниот дел од нозете проследено со чешање.

Да се премачкуваат тие делови од телото со анестетичка течност. По еден месец започнува оздравувањето. Треба да се лекува 6 месеци и да не се зема алкохол.

Оваа мешавина е добра и за деца.