Брза излиена пита со компир и сирење, заситна е, може да се послужи и за ручек – многу вкусно јадење

Рецепт и видео презентација на Мои Домашни Рецепти – Брза солена торта со компир и сирење.

Многу брза и едноставна за правање пита. Се мешаат сите состојки во еден сад, се додава сувомеснато сечкано што имате во фрижидерот, а посебен вкус му го додаваат компирите кои претходно треба да бидат сварени…

Потребни состојки:

4 јајца, 100 мл масло, 400 г кисело млеко, 1 кафена лажичка сол, 150 г пченично (бело) брашно, 150 х пченкарно брашно, 12 г прашок за печиво, салама или шунка и 2 варени компири со средна големина.

Плехот во кој ќе се пече питата е со димензии 20х30 см кој треба да биде добро намастен. И уште се потребни 100 г сирење и сусам за да се нароси одозгора. Питата се пече во загреана рерна на 220 степени околу 25 минути.

Постапка:

Во подлабок сад со жица изматете 4 јајца, посолете ги со 1 лажичка сол, па додадете 100 мл масло и 400 г кисело млеко. Додадете 150 г пченично брашно, 150 г пченкарно брашно и 12 г прашок за печиво.

Убаво измешајте ги состојките додека да се соединат во хомогена смеса. Потоа додадете околу 100-150 г шунка исечкана на коцки и 2 компири претходно сварени, излупени и исечени на коцки.

Тава со димензии 20-30 см добро намастете ја со путер, па во неа излејте ја приготвената смеса. Одозгора рамномерно распоредете 100 г сирење исечкано на коцки и наросете обилно со сусам.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220 степени околу 25 минути. Печената пита оставете ја малку да подизлади, па сечете ја на коцки и послужете ја. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: