Брз колач во кој сите состојки одат по 15 – сè се меша и се пече, добивате прекрасна текстура и вкус

Фото и рецепт: Јасмина Калиман

Потребни состојки:

3 јајца
15 лажици брашно
15 лажици шеќер
15 лажици масло
15 лажици млеко
1 прашок за печиво
2 кесички шеќер со вкус на лимон како ванилин шеќер, само со вкус на лимон, или само изрендајте кора од лимон)
3-4 редови чоколадо за готвење или по вкус
1 шака суво грозје натопено во рум
1 лажичка рум за вкус по желба

Постапка:

Јајцата кратко изматете ги со жица, па постепено додавајте го шеќерот, лимонскиот шеќер (или изрендајте малку лимонова кора). Додадете масло, млеко, брашно и прашок за печиво. Добро соединете.

Додадете го натопеното суво грозје и малку рум, па потоа и чоколадото искршено или изрендано со нож за да има и покрупни парчиња.

Смесата се излева во плех 27х37 см (помал плех) претходно обложен со хартија и ставете да се пече во загреана рерна на 200-250 степени околу 20-25 минути (или според вашата рерна). Штом малку зарумени на коричката, ставете хартија одозгора за да не изгори колачот.

Печениот колач извадете го да излади, па исечете го и наросете го со шеќер во прав.

Напомена: Во смесата можете да додадете и повеќе чоколадо, ореви или било што по ваша желба. Исто така, можете прво да ги изматите белките со шеќерот, па откако ќе добиете цврст снег да ги додавате една по една жолчките.

Можете да пробувате разни варијанти од истите состојки и секојпат се добива поинаква текстура и вкус. Исто така, можете да одвоите 2-3 лажици од смесата и во нив да додадете 1 лажица какао и малку млеко, па кога ја излевате смесата во плех, малку да прошарате и ќе добиете мраморен ефект.

Ако не можете да најдете таков шеќер со лимон, едноставно само изрендајте малку кора од лимон.

Фото и рецепт: Јасмина Калиман