Билкарот Најдовски: Лек за цисти на бубрези (РЕЦЕПТ)

Цисти се развиваат од  делови на бубрежните каналчиња и откако ќе станат големи неколку милиметри најчесто се одвојуваат од првобитното каналче и формираат циста. Се јавуваат во кората (кортексот) на бубрегот, на кортикомедуларната спојка и/или во медулата зависно од основното заболување.

Кај возрасните најчесто се среќаваат:

-Адултната полицистична бубрежна болест,
-Медуларен сунѓерест бубрег,
-Аквирираната цистична бубрежна болест и
-обични цисти.

Обични бубрежни цисти

Најчеста цистична промена која се јавува кај возрасни се “обични бубрежни цисти”.  Многу се ретки во детството но се почести со возраста. Присутни се кај 5% од општата популација, а една третина лица постари од 50 години развиваат цистина бубрезите.

Цистите се големи од неколку милиметри до 10 цм и повеќе. Ретко влијаат на нормалното бубрежно ткиво и вообичаено не се причина за бубрежна слабост. Цистите се полни со бистра содржина, течност.

Кога се исполнети со крвава течност тешко се разликуваат од бубрежен карцином. Вообичаено се клинички мирни, ретко крварат и ретко предизвикуваат болка.

Цистите се дијагностицираат ехосонографски. Најголема клиничка важност е да се диференцираат од карцином. Ако ехосонографскиот наод е под сомнение, потребна е компјутерска томографија.

Природната историја на цистите е бенигна, но со тек на време може да дојде до бавно прогресивно зголемување и нивна промена што може да поттикне сомнеж за малигнитет.

Компликации на цистите се крварење во циста или цистата да се инфицира.

Нема специфчна медицинска терапија за самите бубрежни цисти. Нема ефективни мерки за превенција и промена на текот на болеста. Ако цистата е голема и создава нелагодност може да се аспирира течноста и цистата да се склерозира. Ако постои малигнитет потреба е хируршка интервенција.

Рецепт: Мартин Најдовски

Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате на неговата фан страница Лилма.

Лек за цисти на бубрези

Потребни состојки:

300 г корен од целер
300 г мед

Постапка:

300 грама корен од целер се блендира (ако немате блендер може и да се изренда) и се меша со 300 грама мед. Се чува во фрижидер и се јаде по 1 супена лажица, 3 пати дневно, 30 минути пред јадење. После изедување на 3 дози се проверува, ако сеуште е таму се повторува до изедување.

Рецепт: Мартин Најдовски