9 начини на кои можете да ја користите чудотворната горчлива (ЕПСОМ) сол

Горчлива или Епсом сол е магнезиум сулфат и може да се купи речиси во секоја аптека. Оваа сол веќе со векови се користи за најразлични тегоби и намени, за нега на кожата, за лекување, во домаќинството и градината.

Се одликува со многу брза апсорпција преку кожата, по што за многу кратко време успева да го спушти нивото на стресот во организмот и да ги исчисти токсините од телото.

Затоа, кога станува збор за детоксикација на телото, горчливата сол е многу ефикасна. Особено голема благодет имаат лицата кои сакаат да ослабат, бидејќи и во овој случај е многу ефикасна.

Преку 325 ензими во телото се регулирани од магнезиум: при смирување на воспалителни процеси, разни мускулни и нервни функции.

1.Горчливата сол ја намалува болката во мускулите

После физичка активност направете топла бања во која ќе ставите 100 г епсом сол. Останете во водата 10-15 минути. Ова е идеална бања за намалување на грчевите, модринките и болките во мускулите и зглобовите.

2.Ја чисти кожата

Со една шака епсом сол протријте го телото додека се туширате. После користењето кожата ќе биде мека и свежа.

3.Ги негува усните

Сувите и испукани усни може да бидат доста болни. Направете мешавина со горчлива сол и кокосово масло, како пилинг кој истовремено ќе ги нахрани испуканите усни.

4.Природно средство против инсекти

Измешајте 50 г горчлива сол со 200 мл дестилирана вода и складирајте во спреј-шишенце. Ова е добра замена за хемиските препарати против инсекти во домот или градината.

5.Против опстипација и мрзливи црева

Измешајте 2 лажици горчлива сол со една чаша вода и тоа испијте го наутро. Користете квалитетна епсом сол купена од аптека за орална употреба.

6.Ја намалува подуеноста на стомакот

Ставете околу 150 г епсом сол во бањата во која ќе останете 15-20 минути. Додадете и неколку капки етерично масло од лаванда. Оваа бања ќе ги извлече сите токсини од вашето тело преку дифузија.

7.Ги уништува габичните инфекции на стапалата

Измешајте околу 50 г Епсом сол во топла вода. Киснете ги стапалата 10-15 минути.

8.Против изгореници

Околу 100 г горчлива сол измешајте во бања со топла вода и останете 10-15 минути за да се смири иритираната кожа.

9.Балсам за коса

Горчливата сол ја храни косата и кожата, ги елиминира вишокот масти и овозможува длабинска нега. Измешајте еднаква количина од вашиот природен балсам или маска за коса со Епсом сол и нанесете на влажна коса. Оставете 20 минути да делува, па потоа исперете.